Достапни линкови

logo-print

И без Субрата Рој, државата сака да ѝ одземе имот на МПЦ


Туристичкиот комплекс Свети Наум во Охрид.

Туристичкиот комплекс Свети Наум во Охрид.

Управниот суд пред неколку дена донесе одлука со која се предвидува петте хектари на манастирот Св. Наум да ѝ се одземат на црквата и да се дадат на располагање на државата, при тоа не наведувајќи за каква цел ќе се користи тоа земјиште каде што беше предвидено да се гради и најавуваната инвестиција на Субрата Рој.

Охриѓани не се согласуваат црковното земјиште кај Свети Наум да ѝ припадне на државата, бидејќи тоа место велат од секогаш било на црквата. Управниот суд пред неколку дена донесе одлука со која се предвидува петте хектари на манастирот Св. Наум да ѝ се одземат на црквата и да се дадат на располагање на државата, при тоа не наведувајќи за каква цел ќе се користи тоа земјиште каде што беше предвидено да се гради и најавуваната инвестиција на Субрата Рој.

Подомаќински ќе работи црквата ако е имот на црквата, отколку државата. Не треба да се гради, тоа треба да биде еколошки чисто место.

„Хотели и комплекси не би требало да има таму бидејќи ќе се дозапусти местото. Треба да остане на црквата бидејќи тоа било од секогаш на црквата“, рече жител на Охрид.

„Лично сметам дека треба да остане на црквата бидејќи години е црковен имот. Подомаќински ќе работи црквата ако е имот на црквата, отколку државата. Не треба да се гради, тоа треба да биде еколошки чисто место, може да има некои објекти кои нема да го загадуваат просторот, но не во толку голем обем како што се предвидуваше“, рече жител на Охрид.

„Прашајте кого било, но и дали ќе сретнете некој човек од улица кој ќе се согласува да се одземе имот на манастир за да се прави не знам каква непристојна друга дејност. Сега ли баш дојде во дворот на манастирот да се прават тие работи.

„Црковно да остане, било на црквата и нека биде на црквата“, вели граѓанин на Охрид.

Владиката Тимотеј рече дека МПЦ нема да се откаже од тоа место и оти ќе ги искористи сите правни механизми кои им стојат на располагање. Ќе ја обжалат одлуката и до Вишиот управен суд.

„Прашајте кого било, но и дали ќе сретнете некој човек од улица кој ќе се согласува да се одземе имот на манастир за да се прави не знам каква непристојна друга дејност. Сега ли баш дојде во дворот на манастирот да се прават тие работи. Ние додека ни стојат на располагање сите правни норми ќе ги исползуваме. Но, не можеме со глава ѕид да рушиме“, рече Тимотеј.

Има и политички реакции. Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид, рече дека ваквата одлука е неразумна и штетна.

„Неразумна е затоа што пред извесно време државата во процесот на денационализација врати дел од имотот од НП Галичица на црквата, а во меѓувреме црквата покажа и докажа дека достојно знае да го изгради, опреми и да го одржува репрезентативниот објект околу комплексот Свети Наум. Одлуката е штетна затоа што се однесува на раскрчмување на нашето природно, културно и историско наследство. Играњето со еден таков имот кој е од толку големо значење претставува несфатлив чин, бидејќи целата приказна е врзана со луѓе од типот на Субрата Рој, луѓе на кои не им е дојдено до нашето природно и културно наследство“, рече Тунтев.

Побаравме став и од Општина Охрид околу ова прашање, но и одговор дали со ова ќе се олесни реализацијата на одредени проекти кои таму треба да се реализираат, но одговор не добивме.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG