Достапни линкови

logo-print

Приведени екс градоначалник на Охрид и десетина негови соработници


Александар Петрески

Александар Петрески

Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески и уште 10-тина лица биле приведени изутринава во акција на полицијата за расчистување на криминал поврзан со јавни набавки во општината.
Како што потврдија за МИА од МВР, постои основано сомнение дека приведените како организирана група се стекнале со противправна имотна корист од над два милиони евра. Дел од осомничените се привдени во Скопје, а дел во Охрид. Се очекува МВР со повеќе детали за акцијата да излезе во текот на денов.

XS
SM
MD
LG