Достапни линкови

Временото ослободувањето на Шешељ, проблем за сите


Ваквиот потег во еден од најдолгите и најлошо водени случаи во историјата на Хашкиот трибунал, според некои, отвора многу нови проблеми.

Ја добив битката против Хашкиот трибунал, а тоа ми беше и целта, им изјави на своите приврзаници Воислав Шешељ по враќањето дома, откако над една деценија зад решетките на Хашкиот трибунал за поранешна Југославија ја чекаше пресудата во процесот во кој е обвинет за воени злосторства.

Тие се плашат дека Шешељ може да почине, поради неговата лоша здравствена состојба, во Хашкиот трибунал, што се случи со екс југословенскиот претседател Милошевиќ во 2006 година. Тоа ќе биде лошо за угледот на трибуналот ако се има предвид дека Шешељ предлого време е таму.

Привременото негово пуштање, според аналитичарите, може да биде почеток на нов вид проблеми, и за Балканот, и за Трибуналот.

Во време кога регионот се уште се бори да се ослободи од военото минато, враќањето на еден од најжестоките националисти на Балканот е провокација за релативно умерената српска влада, но и за соседните земји.

Од друга страна, според експертите, тоа е чекор назад на Трибуналот во една од неговите главни задачи: да промовира повоено помирување.

Шешељ доброволно му се предаде на Трибуналот во 2003 година за да се соочи со обвинувањата дека оркестрирал паравоени брутални кампањи за време на војните во Босна и во Хрватска.

За некој кој е тешко болен тој е покажува одличен политички динамизам.

Но, неговиот процес беше исполнет со пречки, со штрајк со глад и со објавување на имињата на заштитените сведоци.

Сепак, најголемиот проблем не го предизвика Шешељ, туку самиот Трибунал.

Лани пред објавувањето на пресудата данскиот печат објави писмо од еден од тројцата судии во случајот на Шешељ со критики против претседателот на Трибуналот Томас Мерон.

Шешељ ја искористи можноста и побара нов судија. Сега неговата пресуда не се очекува порано одјуни идната година.

Откако на Шешељ му беше извршена операција на рак, судскиот совет веднаш донесе одлука да биде привремено ослободен.

„Тие се плашат дека Шешељ може да почине, поради неговата лоша здравствена состојба, во Хашкиот трибунал, што се случи со екс југословенскиот претседател Милошевиќ во 2006 година. Тоа ќе биде лошо за угледот на трибуналот ако се има предвид дека Шешељ предлого време е таму“, вели Марко Милановиќ професор на Нотингем универзитетот.

Шешељ од друга страна е ослободен со многубројни исклучоци, па дури и без некакви рестрикции во врска со неговата политичка активност.

Досега тој не покажува знаци оти е тешко заболен, а веќе и самиот изјави дека имал две метастази на црниот дроб кои се викале Вучиќ и Николиќ, мислејќи на премиерот и на претседателот на Србија.

„Оние што беа во првите редови за српството и за голема Србија сега најмногу им се додворуваат на американците и другите од западот“, изјави Шешељ на митингот во Белград.

„За некој кој е тешко болен тој е покажува одличен политички динамизам“, смета поранешниот хрватски пратеник во Европскиот парламент Тонино Пицула.

Се поставува и прашањето што доколку Шешељ одбие да се врати во Хаг. Тоа би можело да ја стави српската влада во политички непожелна позиција да мора да му го израча на Трибуналот.

Некои веруваат дека Белград ќе ја продолжи соработката со Хаг, но други пак сметаат дека штетата веќе била направена, дури и ако Шешељ се врати во Хашкиот трибунал.

XS
SM
MD
LG