Достапни линкови

Обама нареди недепортирање илегални имигранти


Американскиот претседател Барак Обама објави извршна наредба за промени во имиграцискиот ситем, обвинувајќи ги законодавците во Конгресот во кој доминираат републиканците за тоа што не ги одобруваат потребните реформи. Во обраќањето од Белата куќа, тој оцени дека неговиот план бил поправичен, бидејќи со него се избегнува депортирање на милиони имигранти. Со планот се предвидува околу 5 милиони илегални имигранти кои најмалку 5 години престојувале во Соединетите држави привремено да бидат поштедени од депортација, доколку се пријават и почнат да плаќаат даноци. Обама додаде дека не станува збор за некаква амнестија. Некои републикански конгресмени се заканија дека за возврат нема да гласаат за некои предлози на Обама во Конгресот.

XS
SM
MD
LG