Достапни линкови

Американскиот потпретседател Џо Бајден се очекува денеска во Киев да обелодени зголемување на американската таканаречена несмртоносна помош за Украина. Станува збор пред се за транспортни возила и за радарски системи со кои може да се откриваат непријателски позиции. Вчера Русија ги предупреди Соединетите држави да не ги снабдуваат украинските сили со оружје. Денешните разговори на Бајден со украинскиот претседател Петро Порошенко и со премиерот Арсениј Јацењук се совпаѓаат со денот од годишнината на почетокот на протестите во Киев со кои беше соборен прорускиот режим во таа земја.

XS
SM
MD
LG