Достапни линкови

Завршна рунда преговори за иранската нуклеарна програма


американскиот државен секретар Џон Кери, шефот на иранската дипломатија Мохамад Зариф и европскиот преговарач Кетрин Ештон

американскиот државен секретар Џон Кери, шефот на иранската дипломатија Мохамад Зариф и европскиот преговарач Кетрин Ештон

Денеска во Виена продолжува завршната рунда меѓу Иран и светските сили во обид да се постигне конечен договор пред истекот на рокот, 24 овој месец. Во преговорите учествуваат американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на иранската дипломатија Мохамад Зариф, како и европскиот преговарач Кетрин Ештон. Денеска ним треба да им се придружат и министрите за надворешни работи на Франција и на Британија Лорен Фабиус и Филип Хамонд. Кери изјави дека светските сили се обединети во напорите да се постигне решение до предвидениот рок. Шефот на рускиот преговарачки тим Сергеј Рибјаков пак, изјави дека атмосферата била тензична и оти ќе биде тешко да се постигне договор. Песимизам изрази и британскиот министер Хамонд.

XS
SM
MD
LG