Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од седум до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени. Од денеска следува период на стабилно и посвежо време. Ќе дува слаб до умерен и повремено засилен северен ветер. Утре утринските температури наместа ќе се спуштат и под нулата.

XS
SM
MD
LG