Достапни линкови

logo-print

АРМ учествува во градењето на европската одбрана


Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник и Горанчо Котески и претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русие.

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник и Горанчо Котески и претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русие.

Преку учеството во воените мисии на ЕУ, македонската армија дава придонес во изградба на концептот европска одбрана.

Армијата на Македонија преку учеството во воените мисии на Европската унија дава придонес во изградба на концептот европска одбрана. Учеството на АРМ во операциите на Европската унија во Босна и Херцеговина и во други мисии придонесува кон заедничкото градење на безбедносната и одбранбена европска политика и ја докажува посветеноста на Македонија на патот кон Европа. Ова беа заклучоците на претседавачот на Воениот комитет на Европската унија, генерал Патрик де Русие и на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котески, по денешната средба во Министерството за одбрана.

Исто така изразив благодарност за вашиот зголемен придонес кон заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ врз основа на рамковниот договор за ваше учество во операции за одговор на кризи на ЕУ кој беше потпишан пред две години.

„Што се однесува до вашата земја, таа активно учествува во регионални иницијативи, но исто така во областа на одбранбената и безбедносната соработка, при што учествувате во билатерални и регионални иницијативи коишто имаат за цел градење меѓусебна доверба и понатамошно докажување на вашата посветеност на патот кон ЕУ. Вашиот воен персонал придонесува во воената операција на ЕУ во БиХ, откако го потпиша ад хок инструментот за учество на 3 јули 2006 година. Дозволете ми да истакнам дека вие сте со нас повеќе од осум години. Исто така изразив благодарност за вашиот зголемен придонес кон заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ врз основа на рамковниот договор за ваше учество во операции за одговор на кризи на ЕУ кој беше потпишан пред две години. Вашите вооружени сили обезбедуваат придонес и во борбената група на Европската унија, прво во втората половина на 2012 година и сега повторно во втората половина на 2014 година. Сето тоа го истакнува она во што се состои ЕУ, а тоа е солидарноста и вашите вооружени сили придонесуваат кон оваа солидарност“, рече де Русие.

Конкретно разговаравме за нашиот придонес на Армијата на Република Македонија во изградба на концептот на европската одбрана, затоа што Македонија дава исклучителен придонес во изградба на овој концепт.

Генерал Горанчо Котески изјави дека со де Русие се согласиле во понатамошната работа на воениот Комитет на Европската унија учество да земат и началниците на земјите кои сè уште не дел од унијата.

„Со генералот Патрик де Русие разговаравме за достигнатиот степен на интероперативност на Армијата на Македонија, во однос на поддршката и изградбата на европската безбедносна и одбранбена политика. Конкретно разговаравме за нашиот придонес на Армијата на Република Македонија во изградба на концептот на европската одбрана, затоа што Македонија дава исклучителен придонес во изградба на овој концепт. Конкретно учествуваме во европските борбени групи на унијата, заедно со Германија, Шпанија, Холандија и Белгија во втората половина на оваа година практично сме и партиципанти на борбените групи кои се одговорни за изведување на одредени мировни операции во Европа. Го даваме и конкретниот придонес со нашето учество во Босна и Херцеговина во мисијата „Алтеа“. Разговаравме и се согласивме во понатамошната работа на воениот Комитет на Европската унија учество да земат и началниците на земјите кои сè уште не се кандидати на Европската унија, но исто така и да учествуваме на вежби предводени од земјите членки во третирањето на одредени проблеми на кризниот менаџмент во Европа“, рече Котески кој додаде дека посетата на генералот Патрик де Русие очекува да биде импулс за понатамошна соработка на Македонија со Европската унија и дека овој придонес ќе биде соодветно прифатен и оценет од унијата.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG