Достапни линкови

НАТО - руското воено присуство над Балтикот е ризик


Растечкото руско воено присуство на небото над Балтикот преставува ризик за цивилното воздухопловство, соопштија од НАТО. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг при посетата на Талин, изјави дека при редовните летови авионите не успеаваат да достават план за летање или пак да комуницираат со контролорите и летаат без поддршка. Тој рече дека воени авиони на Алијансата годинава повеќе од 100 пати пресретнале авиони во балтичкиот регион, што е за трипати повеќе отколку минатата година, притоа не кажа колку од авионите биле руски.

XS
SM
MD
LG