Достапни линкови

Учениците никој за ништо не ги прашува


Анализата на состојбата со учеството на децата и младите во образовниот систем во земјава, подготвена од коалицијата Сега, покажува дека проблемот е повеќеслоен, односно од една страна не постои законска рамка за нивното организирање, младите се пасивни, а и наставничкиот кадар не е доволно подготвен да ги вклучи.

Во развиените европски земји учениците учествуваат во креирањето на буџетот на училиштето, а во Македонија ги прашуваат каде сакаат да одат на екскурзија и други слични прашања што не се суштински за нив. Анализата на состојбата со учеството на децата и младите во образовниот систем во земјава, подготвена од коалицијата Сега, покажува дека проблемот е повеќеслоен, односно од една страна не постои законска рамка за нивното организирање, младите се пасивни, а и наставничкиот кадар не е доволно подготвен да ги вклучи.

Мотивацијата кај средношколците секако ќе дојде ако се овозможат охрабрувачки околности и услови за нивно самоорганизирање и учество.

„Република Македонија е една од земјите во коишто не е правно регулиран начинот на функционирање и учество на учениците во училиштата. Истражувањата покажуваат дека учениците, преку различни форми, се прашани за прашања коишто не се битни од нивниот интерес во училиштето, односно тоа се прашања коишто најчесто се однесуваат на тоа каде да се оди на екскурзија, каква униформа да се носи итн., но кога станува збор за учество на учениците во училиштето, во креирање на генералната политика и во образовниот систем, истражувањата покажуваат дека нема учество коешто остава простор за учениците да го кажат своето мислење или својот глас“, вели Зоран Илиески од организацијата Сега.

Имаме заинтересирани голем број на ученици, значи во постапка сме да формираме училиштен парламент во кој самите ќе донесуваме одлуки. Мислам дека се трудиме и ќе успееме во тој напор да се слушаат и да се почитуваат нашите одлуки.

Пред две години и Младинскиот образовен форум спровел слично истражување кое исто така покажало дека во училиштата во земјава средношколците немаат право на одлучување. Претставникот на организацијата, Дона Костуранова, вели дека дури и родителите имаат поголема моќ да влијаат на одлуките во училиштата, отколку самите ученици.

Зоран Илиески.

Зоран Илиески.

„Како општество, како збир на институции, организации и други страни на средношколците им должиме да им овозможиме можност да се самоорганизираат и да учествуваат. Дури и да има инертност, таа е последица на лошо поставен систем, недостаток од мотивација и слични предизвици. Мотивацијата кај средношколците секако ќе дојде ако се овозможат охрабрувачки околности и услови за нивно самоорганизирање и учество“, објаснува Костуранова.

Во моментов сме една од државите каде што Министерството за образование на пример нема адекватен партнер за преговори или за консултација за која било реформа, значи ученичкото организирање во Македонија не постои.

И учениците велат дека се заинтересирани да учествуваат во креирањето на политиките во образовниот систем.

„Имаме заинтересирани голем број на ученици, значи во постапка сме да формираме училиштен парламент во кој самите ќе донесуваме одлуки. Мислам дека се трудиме и ќе успееме во тој напор да се слушаат и да се почитуваат нашите одлуки“, вели средношколец од училиштето Кочо Рацин во Скопје.

За да се подобри ситуацијата, коалицијата Сега има неколку препораки, меѓу кои да се направат измени во законите за средно и високо образование и во нив да се внесат членовите од Конвенцијата на правата на детето што се однесуваат на ученичкото учество, но и да се работи на подигнување на јавната свест.

„Мора системски односно правно да се регулира учеството со посебни поглавја кои ќе се однесуваат на учество на учениците во училиштата, нивната можност за учество, односно во која форма ќе учествуваат, нивното право на глас или немање право на глас и на одлучување во тие форми, тоа е еден момент и вториот момент е нивното организирање, како ќе се организираат на ниво на училиште, на ниво на град и на ниво на држава. Во моментов сме една од државите каде што Министерството за образование на пример нема адекватен партнер за преговори или за консултација за која било реформа, значи ученичкото организирање во Македонија не постои“, вели Илиески.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG