Достапни линкови

logo-print

Климатскиот фонд на ОН не собра доволно пари


Фонд на ОН, кој требеше да им помогне на сиромашните земји да се справат со климатските промени, не успеа да собере 10 милијарди долари, колку што планираше. Од германското Министерство за развој денеска соопштија дека 30 земји на средбата во Берлин ветиле вкупно 9,3 милијарди долар за Зелениот климатски фонд.


Сепак, германскиот министер за животна средина, вели дека некои од земјите ветиле дека ќе го зголемат својот придонес во следните неколку месеци. Фондот има за цел да им помогне на ранливите земји во развој да се прилагодат на климатските промени. Парите ќе се искористат да им се помогне на земјите да развијат нови извори на енергија.

XS
SM
MD
LG