Достапни линкови

Хан во Белград без инсистирање за санкции кон Русија


Европскиот комесар за преговори за проширување Јоханес Хан, по разговорите со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека во овој момент нема притисок на Србија во потполност да се усклади со политиките на ЕУ и да воведе санкции кон Русија, но додаде дека ускладувањето е дел од преговарачкиот процес, односно Европската унија ќе очекува Србија постепено да ја ускладува својата надворешна политика со таа на Унијата.


Хан рече дека е импресиониран од напредувањето на Србија во последно време во правец на членство на ЕУ, додавајќи дека Брисле дава важност на тоа колку земјата се посветува на реформоите. Тој вели дека е потребно Србија понатаму да ги спроведува реформите на одджлив начин. Ова е прва посета на регионот, откако еврокомесарот дојде на функцијата. Од Србија, тој ќе патува во Црна Гора.


Европскиот комесар за преговори за проширување Јоханес Хан, по разговорите со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека „во овој момент“ нема притисок врз Србија „во потполност да се усогласи со политиките на ЕУ“ и да воведе санкции кон Русија, но додаде дека усогласувањето е дел од преговарачкиот процес, односно дека Европската унија ќе очекува Србија постепено да ја усогласува својата надворешна политика со таа на Унијата. На заедничката прес-конференција со Николиќ во Белград, Хан рече дека е импресиониран од напредувањето на Србија во последно време во правец на членство во ЕУ, додавајќи дека Брисел дава важност на тоа колку земјата се посветува на реформите. Тој вели дека е потребно Србија понатаму да ги спроведува реформите на оджлив начин.

Ова е прва посета на Хан на регионот, откако дојде на функцијата. Од Србија, тој ќе отпатува во Црна Гора.

XS
SM
MD
LG