Достапни линкови

Турција и Ирак ќе соработуваат против ИД


Турција и Ирак постигнаа договор за воена соработка и размена на информации во очи на заканите од милитантите на Исламската држава, изјави денеска ирачкиот премиер Хајдер ал Абади по средбата со турскиот колега Ахмет Давутоглу.

На средбата беа постигнати конкретни договори за размена на информации и сеопфатна соработка во областа на безбедноста, рече Ал Абади. Тој истакна дека во текот на разговорите била постигната согласност за сите прашања од заемен интерес. Тој рече дека двете земји ќе направат сè што можат за да му застанат на патот на тероризмот.

Турскиот премиер изјави дека неговата Влада е подготвена да разменува со Ирак секаква можна информација за борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG