Достапни линкови

Македонскиот придонес во европската одбрана


 Горанчо Котевски.

Горанчо Котевски.

Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Де Русиерм кој е во посета на Македонија, рече дека на денешните и на утрешните средби со воениот и политичкиот врв ќе се разменат гледишта за тековната ситуација и иднината на, како што рече, конструктивното партнерство. Посочи дека Македонија активно учествува во регионалните иницијативи и во билатерални и регионални иницијативи во областа на одбранбената и безбедносната соработа кои имаат за цел градење на меѓусебна доверба. Тој денеска се сретна со Началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котевски. Котевски посочи дека на средбата се согласиле во понатамошната работа на Воениот комитет на ЕУ учество да земат и началниците на земјите кои се уште не се кандидати за членство во Унијата, како и да учествуваат на вежби предводени од земјите-членки на ЕУ во третирањето на одредени поблеми на кризниот менаџмент во Европа.

XS
SM
MD
LG