Достапни линкови

Папата - сиромашните сакаат достоинство, не милостиња


Папата Франциско на меѓународна конференција во Рим за борба против гладот и неусхранетоста, рече дека сиромашните луѓе во светот имаат право на достоинствен живот. Тој вели дека додека се зборува за нивните права, гладните луѓе остануваат на улица, борејќи се да бидат признаени како граѓани. Папата рече дека тие луѓе бараа достоинство, а не милостиња.

Конференцијата е во организација на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН и Светската здравствена организација (СЗО). Според проценките на ОН, 805 милиони луѓе во светот немаат доволно да јадат.

XS
SM
MD
LG