Достапни линкови

Северна Кореја и Русија за продлабочување на врските


Специјалниот пратеник на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун, кој е во посета на Москва, рече дека имал „значајна“ средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Пратеник Чо Рионг-Хе, говорејќи на почетокот на разговорите со министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека имал значајна средба со Путин, на која му пренел лична порака од Ким. Двајцата соговорници разговарале за економска соработка и за обезбедување стабилноста и мир во регионот.
Путин вчера изјави дека е во интерес на двете земји да се продлабочат политичките и трговските врски.

XS
SM
MD
LG