Достапни линкови

Пред Нова Година претседателски избори во Хрватска


Aктуелниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ.

Aктуелниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ.

Хрватската Влада денеска распиша претседателски избори за 28 декември, а изборните активности на кандидатите официјално почнуваат од 24 ноември.

Претседателски кандидатури засега најавија актуелниот претседател Иво Јосиповиќ, кандидатката на ХТЗ, Колинда Грабар Китаровиќ, Милан Кујунџиќ, поранешниот лидер на хрватската Партија за право Анто Ѓапиќ и стечајниот управник Иван Руде.

Доколку има втор круг од изборите, тој ќе биде одржан на 11 јануари следната година.

Претседателскиот мандат трае пет години и според хрватскиот Устав никој не може да биде реизбран повеќе од двапати по ред на оваа функција.

XS
SM
MD
LG