Достапни линкови

Русија предупреди САД да не дава оружје на Украина


Русија смета дека секое снабдување на оружје на Украина од страна на САД ќе се смета за „дестабилизирачки фактор“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Александар Лукашевич, еден ден откако соработник на Барак Обаам рече дека Вашингтон треба да ја преиспита својата политика на необезбедување на оружје за Украина. Според руските власти ако САД ја промени политиката тоа ќе влијае на рамнотежата на силите во регионот.

Тони Блинкен, заменик-советник за национална безбедност на Обама, рече дека има сериозни прекршувања на мировниот договор од 5 септември. Според него, ако Киев добие воена помош, тоа може да ја натера Москва да се откаже од понатамошна акција.

XS
SM
MD
LG