Достапни линкови

ОН - Над 950 жртви и покрај прекинот на огнот во Украина


Од Агенцијата за човекови права на ОН соопштија дека најмалку 4.317 луѓе загинале, а 9.921 се повредени од почетокот на конфликтот во источна Украина. Од таму велат дека се регистирани 957 смртни случаи од 5 септември, кога беше потпишан мировниот договор, до 18 ноември. Се наведува дека имало и секојдневни прекршувања на договорот потпишан во Минск. Според ОН има и пораст на раселени поради конфликтот, од околу 257 илјади на средината на септември до 466 илјади до 19 ноември.

XS
SM
MD
LG