Достапни линкови

Функционерите хонорарци „поеднакви“ од другите


Илустрација.

Илустрација.

Избраните и именувани функционери нема да плаќаат придонеси за хонорарите што ги добиваат, но тоа од Нова година ќе мора да го прават останатите хонорарно ангажирани работници.

Функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции, судии, поротници, вешти лица, стечајни управници и пензионери се граѓани кои се ставени во надредена положба со новиот закон за хонорарци, којшто стапува во сила на 1 јануари. Со новиот закон оваа група на граѓани се изземени од давачките кои им се наметнуваат со законот на останатите граѓани кои добиваат хонорари. Ваквите одредби се противуставни, затоа што според уставот на Македонија, сите граѓани се еднакви во слободите и правата, а еднакви се и пред законите и Уставот.

Сметам дека во тој дел може да се доведе во прашање неговата уставност, а ако се покрене таква иницијатива, а сигурен сум дека ќе има таква иницијатива, Уставниот суд, според моето мислење, треба да се произнесе во полза на уставната одредба.

Аналитичарите велат дека со ова се воведува отворена дискриминација.

Професор Осман Кадриу вели дека е дискутабилно што со овие новини не се опфаќаат сите структури на вработени лица.

„Законот прави обид да направи една дистинкција, една поделба на граѓаните по овој основ, од оваа гледна точка што не важи за сите исто, за сите структури на вработени лица не важи за сите исто, сметам дека во тој дел може да се доведе во прашање неговата уставност, а ако се покрене таква иницијатива, а сигурен сум дека ќе има таква иницијатива, Уставниот суд, според моето мислење, треба да се произнесе во полза на уставната одредба“, вели Кадриу.

Законот за многу работи е недоречен, пред сè е многу нејасна интенцијата на законодавецот, особено ако се има предвид дека со законот се погодува најмногу невладиниот сектор, којшто функционира генерално на таков начин.

Друг сериозен проблем во законот е што хонорарците ќе плаќаат пензиско и здравствено осигурување исто како и редовно вработените, но нема да ги имаат истите права. Исто ќе и плаќаат давачки на државата, но ним нема да им следува боледување, платен годишен одмор и други бенефиции што ги имаат вработените. Кадриу објаснува дека правата на редовно вработените доаѓаат со обврските кои произлегуваат од полно работно време и полниот работен однос, па од таа гледна точка законот е во ред. Но, додава дека во законот не треба да се генерализира затоа што што во пракса работите не се исти како на хартија.

„Ако имаме полно работно време како што е работното време на редовно вработените, може да се размислува и за овие права, но не може да се донесе генерална одлука за сите случаи, туку треба да се согледуваат конкретните хонорари и времетраењето на работниот однос“, вели Кадриу.

Директорката на Хелсиншкиот комитет на Македонија, Уранија Пировска, вели дека со овој закон се цели кон невладиниот сектор.

„Законот за многу работи е недоречен, пред сè е многу нејасна интенцијата на законодавецот, особено ако се има предвид дека со законот се погодува најмногу невладиниот сектор, којшто функционира генерално на таков начин и очекувам дека многу од невладините организации ќе го почувствуваат и можеби дел од нив ќе згаснат, поради неможноста да го регулираат ова прашање соодветно“, вели таа.

Новата обврска за плаќање на придонеси на хонорарите кои ќе бидат повисоки од минималната плата која од нова година ќе изнесува 9.600 денари отвара многу дилеми. Недореченостите во законското решение на терен може да донесе нови проблеми, како отпуштање на веќе вработените и стимулација на работа на црно, сметаат правниците.

Законот предвидува вработените, кои освен плата, имаат дополнителен приход поголем од минималната плата, но и невработените кои имаат исто така имаат приход поголем од минимална плата за тоа тоа ќе плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. За овие хонорари, наместо само 10 отсто персонален данок, од следната година дополнително ќе се плаќаат и 17,6 отсто за пензиско и уште 7,3 отсто за здравствено осигурување.

Со буџетот за 2015 година е предвидено државата да прибере 68 милиони евра повеќе од годинава по основ на придонеси. Според податоците за 2013 година, во државава имало нешто над 100 илјади хонорарци и 27 илјади лица со авторски договори.

Покрај начинот на пресметка на придонесите и данокот на доход, се јавува проблем при плаќањето на придонесите за пензиско и за здравствено од два или повеќе извори. Поточно, кога еден вработен плаќа придонеси и за редовната плата и за хонорарот што му е дополнителен приход.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG