Достапни линкови

Мултикултурализмот на стаклени нозе


Бариерите, стереотипите и предрасудите се уште се присутни и тешко се надминуваат, покажало истражувањето на младите активисти од политичките партии во опозиција во рамките на младинската платформа за мултикулутализам.

Иако Република Македонија отсекогаш била доволно голема за да ги собере на едно место Македонците, Албанците, Турците, Србите, Бошњаците, Власите и останатите националности, реалноста ја нарушува идеалната слика, оти во реалноста мултикултурното општество стои на стаклени нозе.

Систематско запознавање со културата на другите, главно преку образованието. Примена на меѓународните стандарди за заштита на националните малцинства.

Ова е заклучокот од истражувањето на младите активисти од политичките партии во опозиција во рамките на младинската платформа за мултикулутализам. Бариерите, стереотипите и предрасудите се уште се присутни и тешко се надминуваат, а насилството меѓу младите, недовербата во институциите и ставањето етнички предзнак во многу инциденти е само резултат на лошата политика, вели Емир Чориќ од Либерално- демократската младина на Македонија. Дел од мерките кои според него можат да го подобрат мултиетничкиот соживот се:

„Систематско запознавање со културата на другите, главно преку образованието. Примена на меѓународните стандарди за заштита на националните малцинства. Законски мерки за запирање на сегрегацијата врз етничка основа. Кампањи за намалување на дискриминацијата од секаков вид. Поттикнување на општествена реакција и институционална заштита.“

Во основа мултикултурализистичката политика е политика за која немате избор, тоа е ситуација во која се наоѓате и не мора да ја адресирате во демократски услови и според тоа позицијата „да“ или „не“ мултикултурализам, всушност е лажно прашање.

Како до функционално мултиетничко општество? Според Дина Спировска од Социјалдемократската младина владините реклами за мултиетнички соживот не вродуваат со плод, па токму затоа предлага повеќе внимание на теренската работа.

„Наместо тоа ние предлагаме работилници и средби со луѓе и да им дадеме нешто што е поопипливо, што ќе можат сами да го доживеат, а не да го гледаат на телевизија.“

Спировска додава дека почитувањето и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор е првиот чекор кон развој на мултикултурализамот, а сликата и стереотипите мораат да се сменат преку подигање на свеста за различностите кај секој поединец.

Експертите пак велат дека концептот за мултикултурализам се напаѓаат од неколку страни. Од една страна класичните демократии, каде што за пропаѓањето на еден модел на интеграција е виновен мултуиикултурниот контекст, а од друга радикалната левица го напаѓа овој концепт за скриен расизам.

„Во основа мултикултурализистичката политика е политика за која немате избор, тоа е ситуација во која се наоѓате и не мора да ја адресирате во демократски услови и според тоа позицијата „да“ или „не“ мултикултурализам, всушност е лажно прашање, вие имате само акомодација на мултикултурните разлики во демократијата и таа политика е жива“, вели професорот по меѓународно право Љубомир Фрчкоски

Фрчковски објаснува дека постојат различни модели на мултикултурализам. Македонскиот пример иако е мал, е многу поучен. Тој покажува дека е можна демократија во унитарна држава која има мултикултурни карактеристики и која има модели на прилагодливост на разликите кои се флексибилни.

„Овие општеста зависат од одговорни политички елити, многу повеќе од другите општества, одговоран политича елита во однос на демократијата и на човековите права.“

Новите политики треба да бидат насочени кон градење на модерно, граѓанско општество во кое разликите ќе бидат почитувани и кое ќе се базира на премисата дека многу повеќе работи не поврзуваат, отколку што не разделуваат.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG