Достапни линкови

logo-print

Косово: договор за коалициска влада


Лидерите на Демократската партија на Косово Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа

Лидерите на Демократската партија на Косово Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа

Во Приштина е постигнат договор за формирање коалициска влада. Најверојатно премиер нема да биде сегашниот Хашим Тачи.

Лидерите на Демократската партија на Косово Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа на состанокот кај претседателката на Косово Атифете Јахјага постигнаа договор за коалициска влада со што е ставен крајот на петмесечниот политички ќорсокак. Во соопштението на кабинетот на Јахјага се наведува дека на состанокот учествувала и американската амбасадорка Трејси Ен Џејкобсон.

„Тачи и Мустафа во принцип се договорија да формираат коалициска влада за што побрзо завршување на изградбата на институциите на Косово“, се истакнува во соопштението во кое не се наведува дали Хашим Тачи кој е премиер на Косово од 2008 година и натаму ќе остане на таа функција.

Од друга страна во соопштението на Демократскиот сојуз се посочува дека премиер ќе биде Иса Мустафа.

Тачи и Мустафа во принцип се договорија да формираат коалициска влада за што побрзо завршување на изградбата на институциите на Косово.

Дел од косовските медиуми јавуваат дека Тачи би станал претседател на Косово во 2016 година кога на Јахјага и завршува мандатот. Претседателот на Косово се избира во парламентот. Пратијата на Тачи победи на парламентарните избори во јуни годинава, но не доби доволно гласови за да може самостојно да формира влада.

Сојузот на опозициските партии предводени од Демократскиот сојуз ги блокира обидите на Тачи да остане на функцијата и двете страни во изминативе пет месеци се расправаа која партија има право да формира влада.

Партијата на Иса Мустaфа се обиде да го отстрани Тачи од премиерското место, обвинувајќи го за корупција во највисоките нивоа на владините институции и по меѓународната истрага за негова вмешаност во трговија со органи.

Новата владина коалиција се уште треба да биде одобрена од косовскиот парламент кој се очекува да заседава до крајот на неделава.

Косово прогласи независност во 2008 година по отцепувањето од Србија во 1999 година кога НАТО изврши воздушни напади врз српските сили, кои беа обвинети за етничко чистење на Косово.

Тачи беше командант на Косовската ослободителна армија. Околу 100 земји ја имаат признато независноста на Косово. Србија најави дека тоа нема да го стори никогаш.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG