Достапни линкови

Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ во Македонија


министерот за одбрана Зоран Јолевски

министерот за одбрана Зоран Јолевски

Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Поповски. Предвидени се и средба на делегации од ГШ на АРМ и Воениот комитет на ЕУ. Покрај унапредување на понатамошната соработка со Воениот комитет на ЕУ, пред делегацијата на ЕУ ќе биде презентирана трансформацијата на АРМ и учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ, соопшти македонското Министерство за одбрана.

XS
SM
MD
LG