Достапни линкови

Еврокомесарот Јоханес Хан во Белград


Јоханес Хан

Јоханес Хан

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан денеска ќе престојува во Белград со цел охрабрување на реформите и на пристапните преговори на Србија со Унијата. „Посетата на самиот почеток на мандатот на Хан е јасен знак дека преговорите за проширување на Европската унија се приоритет како и порано и ја покажува посветеноста за Западен Балкан“, соопшти Европската комисија. Еврокомесарот Хан, пред посетата изјави дека Србија мора да воведе санкции против Русија, бидејќи на тоа се обврзала со започнувањето на пристапните разговори за влез во Унијата. По Србија Хан заминува за Црна Гора.

XS
SM
MD
LG