Достапни линкови

САД и можното испраќање оружена помош на Украина


Тони Блинкен

Тони Блинкен

Заменик советникот на американскиот претседател Барак Обама за национална безбедност Тони Блинкен изјави дека Соединетите држави би требало да ја преразгледаат својата политика на недавање помош во оружје на Украина која се бори со проруските сепаратисти на истокот на земјата. Според Блинкен, Москва сериозно го кршела договорот од Минск. Станува збор за документ потпишан од Русија и бунтовниците во регионите на Доњецк и Луганск на 5 септември во белорускиот главен град со кој се воспоставува примирје и се посочуваат натамошните чекори кон траен мир во Украина. Блинкен оценува дека оружената помош би можело да ја натера Москва два пати да размисли пред да преземе некаква воена акција.

XS
SM
MD
LG