Достапни линкови

Косово: договор за коалициска влада


Лидерите на Демократската партија на Косово Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа

Лидерите на Демократската партија на Косово Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа

Лидерите на Демократската партија на Косово Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа на состанокот кај претседателката на Косово Атифете Јахјага постигнаа договор за коалициска влада со што е ставен крајот на петмесечниот политички ќорсокак. Во соопштението на кабинетот на Јахјага се наведува дека на состанокот учествувала и американската амбасадорка Трејси Ен Џејкобсон. „Тачи и Мустафа во принцип се договорија да формираат коалициска влада за што побрзо завршување на изградбата на институциите на Косово“, се истакнува во соопштението во кое не се наведува дали Хашим Тачи кој е премиер на Косово од 2008 година и натаму ќе остане на таа функција. Од друга страна во соопштението на Демократскиот сојуз се посочува дека премиер ќе биде Иса Мустафа.

XS
SM
MD
LG