Достапни линкови

Во Русија повторно отворен првиот Мекдоналдс


Првиот Мекдоналдс ресторан во Москва повторно е отворен вчера откако три месеци беше затворен поради, како што беше наведно, хигиенски причини. Тогашното затворање на ресторанот на плоштадот Пушкин предизвика бран на затворање на рестораните Мекдоналдс во цела Русија. Ваквиот потег, според некои оценки, беше своевиден одговор на западните санкции против Москва за нејзината улога во украинската криза. Руската агенција за исхрана тогаш соопшти дека затворањето на ресторанот било поради хигиенски причини.

XS
SM
MD
LG