Достапни линкови

На саемот 19 дипломати од Америка им објаснуваа на младите како треба да ги подготват апликациите, претставувајќи им ги предностите за студирање во САД.

Средношколците и студентите од Македонија на денешниот саем на американски универзитети во Скопје се информираа какви можности за студирање нудат униуверзитетите во Соединетите Американски Држави. На саемот 19 дипломати од Америка кои студирале на 19 различни американски универзитети им објаснуваа на младите како треба да ги подготват апликациите, претставувајќи им ги предностите за студирање во САД.

Навистимна сум восхитена од самиот процес на селекција на кандидатите и можностите кои ги даваат факултетите таму и мислам дека многу се подобри можностите и добивките коишто се нудат во Америка.

Младите со кои разговаравме велат дека нивниот имаат интерес да студираат во САД, најмногу поради добрите услови кои ги нудат тамошните факултети и поради доброто функционирање на образовниот систем.

„Секако дека имам интерес да студирам во Америка“, вели ученичка од четврта година во средно школо, додавајќи дека досега имала можност да биде стипендирана на две летни школи во Америка и да се запознае со тоа како функционира американскиот систем на образование.

„Навистина сум восхитена од самиот процес на селекција на кандидатите и можностите кои ги даваат факултетите таму и мислам дека многу се подобри можностите и добивките коишто се нудат во Америка. Овој саем секако би ми помогнал да дознаам конкретно за повеќе факултети и се надевам дека ќе имам можност да одам таму и потоа да се вратам тука и да го донесам знаењето што ќе го стекнам.“

Она што го нудиме овде е шанса за младите да слушнат какви се искуствата на луѓето кои студирале на Универзитетите во Америка. Да слушнат какви се школите таму, што можат да очекуваат од студирањето и како можат да успеат да се запишат.

Ученик кој ги разгледуваше програмите за студирање вели дека Америка за него е привлечна бидејќи смета дека дека таму има многу подобри услови на универзитетите, повеќе можности за работа и дека повеќе се цени и плаќа трудот на работникот

„Ме интересира што нудат американските универзитети во насока на компјутерските науки, ме интересира што посебно нудат за софтверско инженерство“, вели тој.

Газмен Илази, одговорен за образовните програми во американската Амбасада во Скопје.

Газмен Илази, одговорен за образовните програми во американската Амбасада во Скопје.

Кејтлин Турк е една од дипломатите што им помагаа на младите за подобро да се информираат за програмите на американските универзитети, која вели дека минатата пролет организирале саем на Колеџи од Америка, кој го посетиле 500 млади од цела Македонија. Поради тоа се одлучиле да го организиираат и овој саем.

„Она што го нудиме овде е шанса за младите да слушнат какви се искуствата на луѓето кои студирале на Универзитетите во Америка. Да слушнат какви се школите таму, што можат да очекуваат од студирањето и како можат да успеат да се запишат. Во таа насока имаме советници од Америка, кои се експерти да им помогнат на студентите да ги разберат процедурите за аплицирање на школите во САД, што трба да учат за тестовите и за финансиската помош, бидејќи многу студенти размислуваат како ќе го платаат школувањето“, вели Турк.

Газмен Илази кој е одговорен за образовните програми во американската Амбасада во Скопје ги инфомираше младите за постипломските студии и за стипендиите кои ги дава американската Амбасада. Тој вели дека младите од Македонија се интересираат за програмите, но смета дека секогаш може и повеќе.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG