Достапни линкови

Штајмаер - нема знаци за крај на борбите во Украина


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека нема знаци дека борбите во Украина ќе завршат во скоро време. Тој претходно ги посети Киев и Москва, а денеска на прес конференција во Берлин рече дека за жал ситуацијата е многу далеку од деескалација на конфликтот и многу, многу далеку од политичко решение. Тој ги посети Киев и Москва во обид да се намалат тензиите во источниот дел на Украина, каде во борбите загинаа повеќе од 4.000 луѓе од март.

Штајнмаер во Киев се сретна со украинскиот премиер Арсени Јетењук, а во Москва со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со претседателот Владимир Путин, во обид да собере поддршка за спроведување на договорот од Минск.

XS
SM
MD
LG