Достапни линкови

logo-print

Судот реагира на соопштението на СДСМ за „Ровер“


Зачудувачки, нејасен, неразбирлив и неаргументиран е односот на политичката партија СДСМ која претендира константни напади кон судството, при што во свои соопштенија неповикано се инволвира сакајќи да презентира општа негативна слика за судството и судската власт, тврдејќи дека судот постапува по политички монтирани процеси, наведува Основниот суд Скопје 1 во реакција на соопштението на СДСМ за случајот „Ровер“.

„Напротив, судската постапка во јавноста позната како предмет „Ровер“, беше јавна и транспарентна“,наведуваат од Судот.

Особено зачудува фактот што во конкретниот случај политичка партија се става во заштита на осудените лица, се наведува во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

XS
SM
MD
LG