Достапни линкови

logo-print

Извадени телата на 10 потрупани рудари во Турција


Споменик на рудари во Турција.

Споменик на рудари во Турција.

Турските спасувачи ги пронајдоа телата на 10 од вкупно 18 рудари, кои беа прогласени за исчезнати по поплавувањето на рудникот во Ерменек, во јужна Турција, на крајот на октомври, и продолжуваат со потрагата по останатите тела. Во рудникот беа затрупани 34 рудари, но само 16 од нив успеаја да се спасат пред тој целосно да биде потопен.

Првите две тела беа извадени на 6 ноември, додека остантите осум беа пронајдени во последните два дена.

Властите во врска со трагичниот инцидент приведоа осум лица. Досегашната истрагата наведува на тоа дека е можно поплавувањето да е предизвикано од собирање на води во соседен запуштен рудник.

Турција се наоѓа на трето место во светот според смртноста на работно место, покажуваат податоците на Меѓународната организација за труд.

XS
SM
MD
LG