Достапни линкови

Партиски пресметки за општинскиот буџет на Охрид


Димитар Спасески, секретар во Општина Охрид.

Димитар Спасески, секретар во Општина Охрид.

Буџетот на Охрид за 2014 година и нереализираните, а предвидени ставки се причина за несогласување меѓу градската власт и локалната опозиција. Како и минатата, така и оваа година, оваа власт не успеа да го исполни проектираниот буџет и затоа имаме потфрлување на приходната страна за 21 отсто, обвини опозицијата. Димитар Спасески секретар во општината вели дека биле задоволни од реализираното досега.

Она што можам да кажам за буџетот на Општина Охрид е дека буџетот е стабилен. Од приходната страна на буџетот сме апсолутно задоволни во секоја смисла. Имаме мало потфрлање на две ставки.

„Она што можам да кажам за буџетот на Општина Охрид е дека буџетот е стабилен. Од приходната страна на буџетот сме апсолутно задоволни во секоја смисла. Имаме мало потфрлање на две ставки, како што знаете подолго време надоместокот за уредување на градежно земјиште не ги дава очекуваните и проектираните резултати, а другото најголемо намалување е прилично од техничка природа, затоа што во делот за прилив од кредити беа планирани средствата од Светска банка со оглед на тоа што формално-правно парите нема да се на сметка на буџетот во текот на оваа година“, рече Спасески.

Јован Стојаноски, советник од СДСМ во советот на Општина Охрид.

Јован Стојаноски, советник од СДСМ во советот на Општина Охрид.

По потпишување на договорот со Светска банка ќе следи и објавување на тендерска постапка, но формално-правен влез на средства нема да има на сметка до 31 декември оваа година и овие средства во буџетот ќе пристигнат во 2015 година, рече Спасески.

Како и минатата, така и оваа година, оваа власт не успеа да го исполни буџетот и имаме потфрлување на приходната страна за 21 отсто од вкупно планираниот буџет.

Јован Стојаноски од СДСМ рече дека многу работи кои биле предвидени нема да може да се реализираат.

„Како и минатата, така и оваа година, оваа власт не успеа да го исполни буџетот и имаме потфрлување на приходната страна за 21 отсто од вкупно планираниот буџет. Сето тоа со едноставни зборови преведено значи дека имаме 21 отсто помал потенцијал да се остварат оние зацртани програми во поглед на образованието, комуналните дејности, инфраструктурата и изградба на патиштата спортот, културата и сите останати сфери на работење и живеење во овој град. Жално е што многу работи кои сме ги предвиделе нема да може да бидат реализирани. Имаме класична ситуација каде што не се обезбедени доволно приходи оваа година“, Стојаноски.

Од СДСМ велат дека се намалувале и предвидените средства за образование.

„Дојдовме во ситуација да имаме 760 милиони денари, исто така претпоставени приходи кои можеби нема да се остварат до крајот на оваа година. Имаме во буџетските програми за основно образование е намалуваат токму издатоците кои се однесуваат на трошоците за струја. Многу буџетски програми се намалени, а најфлагрантно е намалувањето кај програмата за основно образование, каде општината од буџетот ги намалува средства за струја. За основно образование се намалени од 12 на 4 милиони денари. Имаме намалување кај детските градинки за вработувања, за извршувања на градежни работи. Сето тоа е резултат на намалените приходи кои се остваруваат од страна на локалната власт“, рече Стојаноски.

XS
SM
MD
LG