Достапни линкови

Германската влада одобри испраќање војници во Авганистан


Германската влада ги усвои плановите за распоредување на 850 војници во Авганистан наредната година, каде што ќе треба да помогнат во обука на локалните сили. Едногодишното распоредување треба да биде одобрено и од германскиот парламент, каде што владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел има големо мнозинство. Силите на НАТО во Авганистан до крајот на годинава ги завршуваат своите операции и ќе бидат заменети од помала мисија за обука и помош, наречена „Одлучна поддршка“. Германија имаше многу војници во северниот дел на Авганистан во изминатава деценија. Во моментов таму има 1.500 германски војници. И во новата мисија, Германија ќе биде задолжена за северниот дел на Авганистан. Италијанската влада вчера објави дека планира да задржи околу 500 војници во Авганистан во 2015 година од сегашните 1.800.

XS
SM
MD
LG