Достапни линкови

Во светот пола неухранети, пола дебели


Претставници од околу 190 држави на денешната Конференција на ОН за борба против гладот, ветија дека ќе сторат повеќе за да се спречи неухранетоста во светот. Според ОН, во моментов, една третина од светската популација страда од недостаток на храна. Неухранетоста во 45 проценти е причина за смртност кај децата во 2013 година. Во исто време 42 милиони деца под 5 годишна возраст се со прекумерна тежина. Маргарет Чан, шеф на Светската здравствена организација (СЗО), на конференцијата рече дека дел од луѓето во светот едвај преживуваат, додека другиот дел страда од дебелина.

XS
SM
MD
LG