Достапни линкови

logo-print

Малески – САД нè поддржуваат, додека не си ги загрозуваат интересите со Грција


Macedonia - Denko Maleski, a university professor, a former foreign minister - N/A

Macedonia - Denko Maleski, a university professor, a former foreign minister - N/A

Разликата во односот на републиканците и демократите кон Македонија се во нијанси и секогаш треба да се гледа големата слика, односно дека зад политиката на Соединетите Американски Држави стојат вредностите како толеранција, разбирање, владеење на правото и развој на демократијата, вели во разговорот за Радио Слободна Европа поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески. Според него, за земјава повторно да се врати во фокусот на големите сили неопходно е да се промовира како идеја.

Професоре, постои мислење во Македонија дека американските републиканци се оние коишто се стратегиски партнери и силни поддржувачи на Македонија и нејзината национална политика, за разлика од демократите коишто не ни се толку наклонети. Како вие гледате на тоа?

Мислам дека тоа сепак е работа на нијанси. Генерално ние секогаш мора да знаеме што стои зад поведението на оваа голема сила, какви вредности. Американските вредности кои повикуваат на толеранција, разбирање, договор, владеење на правото, на развој на демократијата, сепак се различни од вредностите коишто сме ги искусиле на својот грб на многу сили кои влијаеле врз Балканот, така што во таа смисла нема промена на американската надворешна политика. Ние сè сакаме да гледаме низ призмата на нашиот спор со сојузникот на Америка, Грција. Треба да знаеме дека има само толку колку што може да направи една држава за друга во меѓународната политика, без да си ги загрози интересите со својот сојузник. Наспроти распространетото мислење дека Америка е семоќна, дека таа може да ја натера Грција да направи нешто против нејзина волја, во меѓународните односи работите не одат така. Тие можат до некаде да ни помогнат, но основната нивна поддршка е во нашето постоење и во нашето право да бидеме самостојна и суверена држава.

Што според вас може Македонија да направи за да се врати некако во фокусот на американската надворешна политика?

Има еден, единствен начин на којшто Македонија може да се врати во светската политика. Македонија не може да биде само обична држава за да го привлече вниманието на другите држави, особено на САД. Македонија, како и Америка во некоја смисла, мора да стане идеја. Ако нашите политичари и нашата интелигенција успеат од Македонија да направат идеја, пред сè идеја на слобода на Балканот, идеја на рамноправност, идеја на етничка, религиозна и секаква друга толеранција. Гледаме што се случува со поведението кон различните од нас. Ако ние изградиме таква идеја околу која ќе се обединиме, ние можеме да го привлечеме вниманието на сите, бидејќи ние живееме во едно во основа нетолерантно, недемократско, традиционално опкружување.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG