Достапни линкови

Иванов - треба да се слушне гласот на студентите


Потребен е дијалог за предизвиците во високото образование, рече денеска претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој вели дека како претседател, но и како универзитетски професор, секогаш посветувал внимание на сите предизвици со кои што се соочуваат младите. Нивната реакција е во функција на изнаоѓање начини за водење дијалог во нашето општество, како да се излезе во пресрет на сите предизвици на високото образование, изјави претседателот Ѓорге Иванов запрашан за коментар за студентскиот протест. Тој смета дека е потребно да се слушне гласот на студентите и да се разговара за нивните сознанија и ставови.

XS
SM
MD
LG