Достапни линкови

Училиштето „Григор Прличев“ во Охрид доби струја


Во најголемото основно училиште „Григор Прличев“ во Охрид денеска повторно има редовна настава, откако вчера училиштето доби струја.Тие од минатиот вторник немаа струја, откако ЕВН им ја прекина поради неподмирен долг. Наставата во тој период се одвиваше со скратени часови.

Градскиот Совет на Охрид на вонредна седница одлучи ја преземе обврската за исплата на долгот кон ЕВН.

Училиштето девет месеци работи со блокирана сметка поради доспеано извршно решение за надомест за експропријација на земјиште.

XS
SM
MD
LG