Достапни линкови

Експлозија во курдскиот регион во Ирак


Автомобил-бoмба експлодирала во близина на седиштето на Владата на автономниот курдски регион во Ирак, соопштија тамошните власти. Тие велат дека има жртви, но засега не се знае бројот на загинати. Локалните медиуми објавија дека најмалку четири лица се убиени.

Курдските Пешмерга сили во моментов се борат со милитантите на Исламска држава, што ги прави курдските области цел на милитантите.

XS
SM
MD
LG