Достапни линкови

Лавров ќе и се обрати на Думата


шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Главен акцент на денешното обраќање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Долниот дом на рускиот парламент, Думата се очекува да биде ставен врз кризата во источна Украина. Пред неговото обраќање тој во Москва се сретна со шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер. Двајцата министри се согласиле дека е неопходно враќање кон таканаречениот протокол од Минск, односно дијалог во кој се вклучени завојуваните страни во Украина, Русија и ОБСЕ. Сепак, Штајнмаер изјави дека не е оптимист оти овој протокол би можело да ја смени ситуацијата на теренот каде што владините сили се борат против проруските сепаратисти. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија за сериозно разместување воени сили како во источна Украина, така и на руската страна на границата.

XS
SM
MD
LG