Достапни линкови

Резолуција на ОН против Северна Кореа


Комисијата на Генералното собрание на Обединетите нации за човекови права синоќа усвои резолуција која претставува прв чекор кон покренување процес пред Меѓународниот кривичен суд против Северна Кореа за злосторства против човештвото. Необрзувачкиот документ за кој не гласаа Кина и Русија, кои имаат право на вето во Советот за безбедност, ќе се најде на изјаснување пред Генералното собрание во идниот месец. Во резолуцијата се наведува дека истражната комисија открила докази кои водат кон уверување дека злосторствата против човештвото во таа земјабиле спроведувани со децении и повикува на санкции против одговорните.

XS
SM
MD
LG