Достапни линкови

logo-print

Сенатот не одобри нафтовод низ Северна Америка


Законот за почеток на изградбата на контроверзниот нафтовод познат како „Кистон ИксЕл“ не доби поддршка од американскиот Сенат. Нафтоводот на Транс Канада корпорацијата во вредност од 8 милијарди долари за транспорт на сурова нафта од Канада до Мексиканскиот залив беше критикуван од екологистите. Против овој проект се изјасни и американскиот претседател Барак Обама. Ова прашање како и прашањето за имиграцијата, е главна тема на последните денови од овој Конгрес пред почетокот на работата на новиот состав на Сенатот во јануари кој ќе биде под контрола на републиканците.

XS
SM
MD
LG