Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: врнежливо


Во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен, особено во западните делови. Во источните делови локално ќе има услови за интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Во доцните пладневни часови ќе има извесно намалување на облачноста и постепено врнежите ќе престануваат. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 11 до 17 степени. Во Скопје претпладне и во утринските часови ќе има повремени врнежи од дожд и претежно ќе биде облачно, а во попладневните часови постепено врнежите ќе се намалуваат. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

XS
SM
MD
LG