Достапни линкови

Путин - САД сака Русија да биде под нивно влијание


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не верува оти САД сакаат да ја понижат Русија, но сакаат Русија да биде под влијание на Вашингтон. Зборувајќи на „Форумот за акција“, состанок на Серускиот народен фронт, политичко движење предводено од владејачката партија Обединета Русија, рече: „САД не сакаат да нè понижат, но сакаат да ги решат нивните проблеми на наш трошок и да бидеме под нивно влијание“.Тој додаде дека досега во руската историја никој не бил во можност да го стори тоа и никогаш нема да биде.

XS
SM
MD
LG