Достапни линкови

Хан – не побарав Србија да воведе санкции против Русија


Еврокомесарот за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, денеска изјави дека од Србија не побарал да воведе санкции против Русија и дека тоа прашање не е поврзано со отворањето на поглавјата во процесот на проширување.

„Не барав Србија да се приклучи кон европските санкции против Русија“, рече Хан по средбата со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во Брисел.

Еврокомесарот изјави дека српската надворешна политика била една од темите на денешните разговори со Дачиќ, но нагласи дека одлуките од овој вид се суверена работа на српската Влада.

Дачиќ, на прес конференцијата, потврди дека не постои експлицитно барање против Русија да се воведат санкции, иако во Брисел се очекува Србија до стапувањето во членство да ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ.

XS
SM
MD
LG