Достапни линкови

Русија забрани увоз на месо од Црна Гора


Русија соопшти дека ќе забрани увоз на месо од Црна Гора, во обид да се затвори можноста прехранбени производи од Европската унија да стигнуваат до рускиот пазар.

Новинската агенција Интерфакс, го цитира директор на Службата за надзор на земјоделството Сергеј Данкверт, кој вели дека Црна Гора извезувала пратки на месо од ЕУ со лажни сертификати. Тој додаде дека Албанија и Македонија се соочени со слични забрани, ако двете земји не ги отфрлат сомнежите за злоупотреба до 24 ноември.

Црна Гора главно обезбедува свинско месо и преработки од свинско месо во Русија. Според руските власти, забраната за увоз на месо од Црна Гора нема да направи штета на рускиот пазар, оти Црна Гора и така не била „голем играч“.

XS
SM
MD
LG