Достапни линкови

Курдите ги поттиснуваат милитантите на ИД во Кобани


Курдските борци ги поттиснале милитантите на Исламската држава од шест згради во сирискиот град Кобани, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Од таму соопштуваат дека Курдите исто така, заплениле голема количина на оружје и муниција, вклучувајќи ракетни гранати, пушки и муниција за митралез. Тие соопштуваат дека во борбите биле убиени 13 борци на ИД.
Рами Абдулрахман, кој е ја води Опсерваторијата, проценува дека милитантите на ИД контролираат повеќе од 50 отсто од пограничниот град.


XS
SM
MD
LG