Достапни линкови

СДСМ доказите ќе ги објави согласно стратегијата


СДСМ сите аргументи и докази ќе ги објави согласно стратегијата на партијата, информираат од опозициската партија како одговор на повикот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев да ги објави информациите со кои вели дека ќе ја натера Владата да се повлече.

„Граѓаните имаат право да ја знаат вистината за начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледна е нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се погласно и похрабро велат НЕ на власта на Груевски. Се распаѓа системот на контрола, на таење информации и лажирање на вистината на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ објавена претходно пак се наведува дека партијата е подготвена за секакви сценaрија и оти нема да подлегнува на никакви притисоци и уцени.

Заев неодамна изјави дека има информации кои треба за три дена да ја натера владата со наведната глава да се повлече.

XS
SM
MD
LG