Достапни линкови

Невработеноста кај младите останува горлив проблем


Подмладоците на неколку политички партии бараат конкретни мерки за да се спречи одливот на млад кадар од земјава.

Тоа што стапката на невработеност кај младата популација е значително повисока отколку вкупната невработеност во државата е серозно загрижувачки факт, апелираат младите активисти. Според Светската банка невработеноста кај младите во нашата држава изнесува над 50 проценти, а голем број од невработените млади се без работа повеќе од една година.

Тоа е проблем за кој итно треба да се најде решение, поради тоа што баш поради него има голем одлив на млади луѓе од државата.

„Тоа е проблем за кој итно треба да се најде решение, поради тоа што баш поради него има голем одлив на млади луѓе од државата“, вели Дона Спировска од Социјалдемократската младина на Македонија.

Една од причините за високата невработеност кај младите е тоа што 99 проценти од матурантите се запишуваат на факултет, вели Тамара Баара од Нова социјалдемократска младина.

Кога некој би ја погледнал оваа бројка, сигурно би се запрашал што се счлучува во Република Македонија. Дали оваа земја постојат работници или е само земја на умни глави, спремни да бидат директори, менаџери...

„Кога некој би ја погледнал оваа бројка, сигурно би се запрашал што се счлучува во Република Македонија. Дали оваа земја постојат работници или е само земја на умни глави, спремни да бидат директори, менаџери...“

​Оттаму сметаа дека се потребни мерки кои ќе ги задржат младите во земјата, ќе им обезбедат подобри услови за живеење и полесен пристап до нови работни места. Дел од таквите мерки според нив се формирање на посебно тело кое ќе ги насочува средношколците во високото образование, потоа повеќе обуки и курсеви, примена на волонтерска работа и летна практика преку кои може да се стекне работно искуство и да се запознаат методите на практичната настава. Потребно е да им се врати сјајот на и малку подзаборавените професии, вели Марјан Дамјановски од НСДМ.

Мора да најдеме решенија и начини со кои посилните членови на општеството ќе им помогнат на послабите. Ова може да се постигне само ако работиме заедно.

„Не може во денешно време секој да биде адвокат или економист, постојат техничко-металуршки факултет, факултетза здрава храна, за ветеринарство, многу разни факултети кои се запоставени, за разлика од останатите каде од година за година бројот на студентите се зголемува.“

Важноста на овој проблем ја акцентира и Стине Клапер од фондацијата Фридрих Еберт во Скопје.

„Мора да најдеме решенија и начини со кои посилните членови на општеството ќе им помогнат на послабите. Ова може да се постигне само ако работиме заедно. Среќни сме што може да поддржиме една таква платформа. Го следиме овој процес веќе подолго време и се надеваме дека ќе видиме напредок во иднина“, вели Клапер..

Во изминатите неколку години преку 230 илјади луѓе ја напуштиле државата во потрага по подобра иднина и работно место, а дури 75 проценти од младината се изјаснуваат дека ја гледаат својата иднина во некоја друга држава.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG