Достапни линкови

Пораст на терористичките напади во 2013


Над 18 илјади луѓе загинале во терористички напади во 2013 година, што е околу 60 проценти повеќе од претходната година, покажува глобалниот индекс за тероризaм, објавен денеска од страна на лондонскиот Институт за економија и мир. Во извештајот се наведува дека имало 10 илјади терористички напади во 2013 година.

Четири милитантни групи - Исламска држава (ИС), Боко Харам, Ал-Каеда, и Талибанците - се одговорни за поголемиот дел од нападите и 66 проценти од смртните случаи, се наведува во студијата. Ирак, пак, е земја најпогодена од тероризмот, со 2.492 нападите во кои загинале повеќе од 6.300 луѓе во 2013 година.

Според извештајот, повеќе од 80 отсто од смртните случаи од тероризам се случиле во Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија и Сирија.

XS
SM
MD
LG