Достапни линкови

logo-print

Путин - западните земји „го изгубија“ рускиот пазар


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји „го изгубија рускиот пазар за храна“ поради санкциите што ги воведоа против неговата земја. Зборувајќи на „Форумот за акција“, состанок на Серускиот народен фронт, политичко движење предводено од владејачката партија Обединета Русија, Путин рече дека санкциите што ги воведоа западните земји против Русија дале нов поттик за развој на домашната индустрија, која сега е повикана да го компензира увозот. Путин рече дека западните санкции им дале морално и законско право да воведат санкции како одговор на тоа. Состанокот на фронтот беше пренесуван на телевизија. Путин го иницираше формирањето на Серускиот народен фронт во 2011 година. Организацијата се претвори во политичко движење во јуни минатата години.

XS
SM
MD
LG